
Дваесет години по дебито на првата генерација на TT, третата генерација на Audi TT добива главна обнова. Дизајнерската икона се одликува со поспортски и поекспресивен дизајн, помоќни мотори и напредна сериска опрема.
Првата генерација на Audi TT го прослави почетокот на своето сериско производство во 1998 година. Три години порано Audi покажува TT во форма на две концептуални студии – во варијанта Coupé на IAA во Франфурт и во варијанта Roadster на Tokyo Motor Show. Деновиве по пазарниот старт, TT Coupé се искачува до врвот по продажба во својот сегмент.
Audi TT е синоним на задоволство при возењето, дизајн и љубов кон деталите: алуминиумски елементи во ориентираниот околу возачот кокпит, прогресивен дизајн на тркалата, карактеристично тркалезно капаче за резервоарот, два ауспуси – ова се само дел од карактеристичните стилистички елементи на овој необичен автомобил.
Со своите геометриски форми дизајнот на каросеријата наоѓа обожаватели низ целиот свет.