Лезбејките имаат подобар оргазам од хетеросексуалните двојки. Со нив, потрагата по секс понекогаш е поголема, покажуваат различни независни студии во Англија. 
Половина од анкетираните во Обединетото Кралство, на возраст меѓу 25 и 34 години, велат дека не се задоволни со сексот. Процентот паѓа на 29% кај 55-64-годишниците, што нè тера да мислиме дека жените имаат подобар секс со возраста. Меѓутоа, испитаниците не навеле какви се сексуалните склоности.
Резултатите од постарите студии се категорични – жените кои имаат секс со жени се позадоволни од хетеросексуалците. На пример, во една, направена во 2014 година, лезбејките трошат 75% од своето слободно време да уживаат во кревет додека хетеросексуалните жени – само 61%. Но, сексуалната ориентација на мажите се чини дека има мал ефект врз квалитетот на оргазмот.
“Лезбејките знаат сè за клиторисот и како да допираат за да добијат вистински оргазам. Понекогаш жените треба да го препраќаат мажот што точно да прави со прстите, додека кај лезбејките таков проблем не постои и затоа сексуалното задоволство е повисоко”, коментира сексологот и брачен терапевт Мати Силвер пред “The guardian”. Toј истакнува дека лезбејките кои ги бараат неговите услуги, немаат проблеми со сексот, туку сакаат да се консултираат со него поради општи прашања за односите.
“Жените имаат огромна предност, бидејќи тие знаат како да ги натераат другите жени да се чувствуваат подобро за време на секс. Причината е дека си давалле задоволство самите на себе многу пати”, вели 26-годишната Џесика Барџис од Брајтон, која спиела и со мажи и со жени.