Оваа есен, конкуренцијата на пазарот на електрични автомобили станува жестока. Jaguar смело го поплочи својот пат во оваа индустрија, а претстои да го видиме и првиот електричен SUV на Mercedes – EQ C. Денес Audi го објави својот прв компактен електромобил e-tron.
Audi e-tron ќе биде официјално претставен на 17-ти септември. Пред две недели, германскиот производител на автомобили го објави почетокот на производството на овој електричен автомобил.
Е-тron почна да се прави во фабриката во Брисел, каде што беа произведувани Audi A1. Од 2016 компанијата започна да ја обновува фабриката за производство на електрични автомобили, а составувањето на новата генерација на „единицата“ беше префрлено во Шпанија. Првиот Е-тron, кој слезе од производната линија во Брисел, беше светло црвен – Misano Red.
Првото Audi на батерии е опремено со мотор кој се состои од две електрични единици со системска моќ од 360 коњски сили. Во спортскиот режим, електрониката може да ја зголеми моќноста на 408 коњи за кратко време. Со едно полнење, Е-тron е способен за растојание од 400 километри.
Audi e-tron стана првиот сериски кросовер во светот, кој доби видеокамери наместо ретровизори: сликата се прикажува на OLED дисплеи, монтирани во внатрешноста на вратите. За камерите има три режими: пат, вртење и паркирање, кои можат да бидат управувани преку мултимедијалниот систем MMI. Виртуелните огледала ќе бидат достапни како опција, и само во оние земји каде што им е дозволено – на пример, во Јапонија.
Засега електричниот кросовер е скриен под прекривка. Сепак, претходно Аudi постојано објавуваше фотографии на тестови на примероците на моделот. Благодарение на нив знаеме дека тој речиси целосно го задржува изгледот на својот претходник – истоимениот прототип, кој дебитираше во 2015.