Кичево викендов домаќин на отвореното првенство во шах за слепи на Македонија

од Vladimir Zorba
93 прегледи
Кичево односно Здружението на слепи и слабовидни на оваа општина викендов е домаќин на отвореното првенство во шах за слепи и слабовидни лица на Македонија. Ова првенство е во организација на Националната Спортска Федерација на слепи на Македонија и Здружение на слепи Кичево во соработка со Националниот сојуз на слепи на Македонија.
На првенството ќе учествуваат околу 50 натптеварувачи во машка и женска конкуреција, а на најдобрите ќе им бидат доделени награди.
Преседателот на Здружението на слепи и слабовидни на општина Кичево Зендел Зулбеари вели дека тие како здружение се само текничи организатори бидеќе најголемиот товар на ова натпреварување е на Националниот сојуз на слепи и слабовидни на Македонија.