Основниот буџетот на Општина Штип за 2019 година изнесува 410 милиони денари , којшто од страна на советниците во Советот на Општина Штип беше донесен на 15. седница, а воедно и последна во 2018 година.

Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски во своето излагање истакна за разлика од буџетот за 2018 година е помал, бидејќи ги почитувале одредбите од Законот за финансиска дисциплина, со што на општините не им се дозволува да продуцираат нови долгови.
Но, смета дека е развоен бидејќи 189 милиони денари или преку 46 % од средствата ќе одат за капитални инвестиции, односно во изградба на нови улици, водоводни и канализациони мрежи, градинки, гасификација и други проекти, кои ги побараа граѓаните на јавните расправи.
Со реализацијата на овие проекти смета дека 2019 година ќе биде навистина развојна за општината. Инаку на денешната седница на Советот на Општина Штип се донесоа и Програмите за работа на штипските јавни претпријатија и локални институции.