Дехари:Изградбата на фотоволтаичната централа во Осломеј добредојдена за Кичево

од Vladimir Zorba
257 прегледи
Градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари  го поздрави потпишувањето на договорот со ЕБОР за обезбедување средства за изградба на фотонапонска централа во РЕК Осломеј во Кичево.
-За нас е добредојдена ваква инвестиција. Како општина сме биле и ќе останеме отворени, па оттука ја поздравуваме вестa дека Комбинатот ќе продолжи да работи, дека 1000 вработени нема да ги загубат своите работни места и што е најважно нема повеќе да ја загадува околината и во голема мера ќе се намали загадувањето во нашата општина,  рече градоначалникот на општина Кичево Дехари.
Инвестицијата изнесува седум милиони евра, од кои 5,9 милиони се заем од Европската банка за обнова и развој, а останатите сопствени средства на ЕЛЕМ. Договорот за заем со ЕБОР беше потпишан вчера, а се очекува РЕК Осломеј за околу една година да биде покриен со 10 мегавтна фотоволтаична мрежа.