Куманово утрото најзагаден град во Македонија

од Vladimir Zorba
62 прегледи

Утрово и синоќа Куманово беше најзагаден град во Македонија. Нивото на ПМ десет честичките во моментов се неколкукратно зголемени и изнесуваат 242 mg/m3. Синоќа, пак беа уште повисоки и се движеа од 411 до 380 mg/m3.

Во доцните вечерни часови во Куманово мирисаше на чад, но се ширеше и специфичен продорен мирис.

Во неколку наврати во годината, општината изврши аеросолизација еден од методите со кои се намалува арозагадувањето. Во изминатите денови ЈП „Чистота и Зеленило“ ги миеше улиците во ноќните часови, што е исто така е дел од мерките за намалување на загадувањето.

Според стручните и граѓаните, гасификацијата на домаќинствата и големите потрошувачи е клучна за намалување на аерозагадувањето. Општината субвенционира 10.000 денари за секое домаќинство кое ќе се приклучи на мрежата, а според последните најави на Министерството за здравство и болницата каде што е лоцирана мерната станица, ќе се гасифицира.