Гевгелиските пожарникари имале 33 интервенции за неполни два месеца

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Припадниците на територијалната противпожарна единица од Гевгелија,за неполни два месеца од 2019 година веќе имале 33 интервенции за гаснење пожари на териториите на општините Гевгелија, Богданци и Дојран.

Од ТППЕ Гевгелија денеска појаснија дека најмногу, или 16 пати, учествувале во гаснење на станбени, деловни и угостителски објекти кои биле предизвикани од неисчистени оџаци, застарени инсталации и неисправни електрични постојки.

Во споменатиов период, пожарникарите од Гевгелија гаснеле вкупно 14 пожари на отворено од кои дури 12 се појавиле на необработено земјиште обраснато со сува трева, растенија и трски и по еден пожар на овоштарник и лозов насад.

Три интервенции се регистрирани за гаснење контејнери на градските улици кои најчесто се палат при фрлање недогорена пепел од печките на дрва од страна на несовесни граѓани.

Од пожарите е предизвикана значителна материјална штета,три лица се здобиле со изгореници,а едно лице починало.