VW откри некои детали за својот прв електричен автомобил со долг дострел и започна со пред-нарачки во Европа, пред официјално да го претстави на саемот во Франкфурт во септември. ID.3 модел (камуфлажни се распространетите снимки за да го покријат дизајнот) е прв во новата серија на електрични автомобили ID на компанијата каде што ќе видиме и други производи, како веќе прикажаните концепти ID. CROZZ, ID. VIZZION и ID. ROOMZZ.
Оние кои направиле преднарачка и платиле депозит од 1.000 евра ќе добијат пристап до специјалното издание ID.3 1ST, кое вклучува дополнителни додатоци и ќе се произведува во тираж од 30.000 парчиња. Исто така ќе вклучува и опција за батерија со средна големина од 420 километри (WLTP) која подоцна ќе биде достапна за сите модели во серијата ID.3. Други достапни батерии ќе испорачаат до 330 км и 550 км.
Автомобилот ќе чини помалку од 40.000 евра, а основната верзија на ID.3 со најмалата батерија ќе се продава под 30.000 евра. Цените се за Германија. Прелиминарната нарачана е за 29 европски пазари, но компанијата наведува дека најважни се Норвешка, Германија, Холандија, Франција, Австрија и Велика Британија.
Volkswagen ќе го понуди ID.3 1ST во 4 бои и 3 верзии. Основното издание ќе вклучува гласовна контрола и систем за навигација, ID.3 1ST Plus ќе има посебно осветлување и дво-тонска боја на телото, а ID.3 1ST Max ќе понуди голем панорамски покрив и преден екран со додадена реалност.
Купени ID.3 1ST ќе добијат до 2000 kWh бесплатно полнење за првата година во сите станици, кои се поврзани со апликацијата на Volkswagen We Charge, како и во европската мрежа за брзо полнење IONITY. Производството на автомобилите ќе започне на крајот на годината, а првите испораки на клиенти ќе бидат направени во средината на 2020. Генерално компанијата планира да испорачува од ID.3 по 100.000 парчиња годишно.