Посебен сообраќаен режим поради фудбалскиот натпревар на арената „Тодор Проески“

од Vladimir Zorba
155 прегледи

Посебен сообраќаен режим ќе биде воведен вечер во периодот од 18 до 23 часот поради одржување на меѓународниот фудбалски натпревар Северна Македонија – Полска на арената „Тодор Проески“.

Периодично пренасочвање на сообраќајот ќе има на булеварот „Илинден“, улицата „Аминта Трети“ и улицата „Наум Наумовски-Борче“.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.