Акција за исклучување на диви приклучоци за вода во општина Сарај

од Vladimir Zorba
109 прегледи

Еипи на ЈП Водовод и канализација заедно со комунални инспектори од Град Скопје денеска спроведуваат акција за исклучување на диви приклучоци на територијата на општина Сарај.

Покрај многубројните апели за разумно и рационалното користење на водата во периоди на високи температури како и информациите за зголемена потрошувачка на водата упатени до граѓаните, ЈП Водовод и Канализација – Скопје регистрираше голем број на диви приклучоци кои дополнително ја оптеретуваат мрежата и вршат злоупотреба на истата. Акцијата ќе продолжи и во наредниот период се до целосно нормализирање на состојбата, соопшти ЈП Водовод и Канализација – Скопје.