ЗОО Скопје ќе го прослави својот 93-ти роденден со голема забава

од Vladimir Zorba
139 прегледи

ЈУ „Зоолошка градина Скопје“ го слави својот 93-ти роденден и по тој повод на 1-ви септември во ЗОО Скопје ќе се случува голема роденденска забава за сите посетители, но и вредни подароци.

Дента ќе биде отворено и првото „Baby ZOO” катче каде што децата ќе учат нега и одгледување на мали животни и ќе се едуцираат околу нивното хранење во присуство на стручни лица од зоолошката.

„Со почеток од 17:00 ќе се забавуваме со Златно Славејче, детската театарска претстава на Неверленд – Волшебникот од ОЗ, а тука ќе бидат и Дизни Маскотите. За најсреќните посетители подготвивме супер подароци – Електричен мотор, фамилијарно патување со Фибула и едногодишна стипендија по ментална аритметика во Малац Генијалац. Секако, тука се и останатите наши пријатели кои за 1-ви септември подготвија изненадувања за сите посетители“, соопштуваат од ЗОО СКопје.

До роденденот сите посетители имаат шанса да станат потенцијалени добитници на некој од подароците. Се што треба да направат е при посета во Зоолошка на билетарата да побараат купон, да го пополнат и да го стават во кутијата која се наоѓа на влезот. Извлекувањето ќе биде во живо, на 1-ви септември во склоп на големата роденденската забава.