Сугарески во Прилепско: Санираме голем дел од патиштата до руралните места

од Vladimir Zorba
198 прегледи

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, претседателот на општинскиот Совет, Миле Талевски и директорот на ЈП „Македонија пат “, Беким Мемеди, денеска извршија увид во санацијата на регионалниот пат Галичани – Кадино село – Боротино.

Во тек е санација и на други патишта до руралните средини во прилепскиот регион, со што се обезбедува подобар и полесен транспортот на производите на земјоделците.

„Со градоначалникот Јованоски, дирекорот на ЈП Македонија пат Мемети и претседателот на Совет на општина Прилеп, бевме во посета на Прилепско каде ги санираме голем дел од патиштата до руралните места. Жителите на руралните средини и голем број на земјоделци имаат потреба од добри и пристапни патишта за подобрa комуникација и побрз и полесен транспорт на нивните производи“, вели Сугаревски.