СДСМ: Мицкоски избега од граѓаните на Кратово

од Vladimir Zorba
196 прегледи

„ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не нудат ништо ново, заглавени во матрицата на груевизмот сакаат да се вратат криминалниот режим, заканите, уцените, изолациите“, стои во денешното соопштение на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија.

Граѓаните, како што тврдат од СДСМ не сакаат обнова на криминалниот режим, а доказ за тоа е слабата посетеност на трибината на ВМРО-ДПМНЕ во Кратово, на која се појави само партискиот врв на опозицијата.

Подолу во соопштението се истакнува дека лидерот на партијата Христијан Мицкоски немал храброст да се соочи со сопствениот пораз, како и дека ВМРО-ДПМНЕ остануваат осамени во анти-европскиот блок.

„Згора на се’ Христијан Мицкоски немаше храброст да се соочи со сопствениот пораз и не се појави на трибината на која требаше да учествува.

Политиките на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се поразени од граѓаните кои не сакаат да се повторат темните 11 години за време на режимот кога граѓаните осиромашуваа, а врхушката на ВМРО-ДПМНЕ вртоглаво се богатеше.

Граѓаните, државата тргнаа по патот на интеграциите во ЕУ и НАТО и напредокот, а ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски остануваат осамени во анти-европскиот блок и против прогресот на државата“, стои во соопштението за јавност на СДСМ.

 

Слични содржини