Поминаа 16 години од смртта на адвокатот Роберт Кардашијан, кој освен што стана популарен со судењето на контроверзниот О.Џ. Симпсон, тој е и татко на ријалити-ѕвездите Кортни, Ким и Клои Кардашијан.
Кардашијан почина во 2003 година, по боледување од рак на хранопроводот. Кога тоа се случи, Ким имала само 22 години.
Иако денеска таа и нејзините сестри се едни од најпопуларните жени во светот, тие никогаш не кријат колку им недостига нивниот татко. Ким се уште е тажна поради загубата, но од друга страна се чувствува апсолутно горда што го имала во животот, наведува магазинот „Холивуд репортер“.
Таа на Инстаграм сподели фотографија на која се гледа како таа и Кортни го прегрнуваат татко им, со опис: „Ми недостигаш тато, не ми се верува дека поминаа 16 години откако отиде во рајот.“
На тоа, нивната сестра одговорила: „Ова е прекрасна фотографија. Ми недостига секој ден.“