Фотографска изложба на Џим Маршал и концерт на Дуња Иванова

од Марта Пешевска
155 прегледи

Јубилејното 15 издание на „Бела ноќ“ во Скопје, кое ќе се одржи во сабота на петти октомври, ќе понуди голем број културни содржини, со цел задоволување и на најистенчените вкусови.

Скопјани покрај тетарските перформанси и филмски проекции ќе имаат можност да разгледаат и неколку изложби, меѓу кои е и „15 години“ на Историскиот музеј на Босна и Херцеговина, фотографска изложба од Џим Маршал, посветена на Сараево во периодот од 1996//2011 година, како и ексклузивниот концертен настап на Дуња Иванова под наслов “Слушаме во црно-бело“.

Двата настани ќе се одржат во Музејот на македонската борба со почеток во 19 часот.