Јанчева: Градската власт со нов концепт за третман на отпадот во Скопје (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
210 прегледи

„Градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов продолжува да работи одговорно и во интерес на граѓаните. Град Скопје целосно го менува својот лик. Со новиот концепт на третман на комуналниот отпад и хигиената на јавните површини во Скопје глетките на отворени и преполни контејнери со отпад, кои околу себе шират непријатна миризба се веќе минато“, вели денеска Љубица Јанчева, претседателка на Совет на Град Скопје и претседателка на ОО СДСМ Аеродром.

„За таа цел, набавени се нови контејнери коишто се највисокиот технолошки стандард применет во Европа. Со 540 нови контејнери со капацитет од 3200 литри со ќе бидат заменети над 1800 од вкупно 4500 досегашни стари контејнери“, посочува Јанчева.