Лук Пери замина во вечноста на 52 години, но неговите деца продолжуваат да го одржуваат во живот споменот на него и неговото филмско наследство. Син му Џек, кој е професионален борач под псевдонимот Џангл Бој, беше фотографиран на една промоција во Њујорк и сите веднаш забележаа дека неверојатно наликува на татко му.

 


Дваесетидве годишниот спортист се појави таму за да го промовира настанот „All Elite Wrestling“, кој треба да се емитува на телевизискиот канал ТНТ.
Лук Пери почина во март како резултат на силен мозочен удар. Во јули Џек прозборе за губењето на таткото во едно телевизиско шоу и кажа дека бил многу горд на татко си, најдобрата личност која некогаш ја познавал.
– Знаете, немаа шанса сите да го запознаат . Но кога видов колкава поддршка добивме од сите страни, тоа ми покажа дека знаеле каков човек е. Сите го сака и убаво е да се види тоа – изјави Џек, кој пет дена по смртта на Инстаграм сподели емотивна порака:
„Тој беше многу нешта за многу луѓе, но за мене секогаш беше ТАТО“. Ме поддржуваше во сè и ме инспирираше да бидам најдобар. Научив толку многу од него, а моето срце сега е скршено кога знам дека повеќе го нема. Секој ден сè повеќе ми недостига. Ќе направам сè што можам за да го продолжам твоето дело и да бидеш горд на мене. Те сакам тато. “
Освен Џек, Лук зад себе ја остави и ќерката Софи.

Слични содржини