Комисијата за европски прашања на холандскиот парламент вчеравечер дебатираше за препораката за старт на преговорите на С.Македонија и Албанија со ЕУ. Основа за дебатата е писмото на шефот на холандската дипломатија, Стеф Блок, кој во име на Владата побара зелено светло за датум за преговори.
Холандскиот парламент ѝ даде црвено светло на Албанија за почеток на преговорите со ЕУ, а безусловно зелено на Македонија, пренесе доцна синоќа пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на Твитер.
Холандскиот парламент заклучи: црвено светло за Албанија, зелено светло, без дополнителни услови, за Македонија во однос на одлуката за датум за преговори со ЕУ. Разгледувањето на одлука за преговори во пакет и за Албанија и за Македонија не е опција за Холандија. https://t.co/4ViGqJzm8P
— Antonio Macedonian (@AMiloshoski) October 8, 2019