Адвокатката на Јанева негира дека барале спогодба

од Vladimir Zorba
391 прегледи

Екс шефицата на СЈО Катица Јанева е во лоша здравствена состојба и ѝ било одобрено денеска да оди на кардиолошко-интернистички преглед во болницата „Жан Митрев“, потврдија нејзините адвокати.

Ова е прв преглед на Јанева надвор од затворската амбуланта. Таа претходно во затворот добиваше третман и терапија за нејзината состојба – висок притисок и општа анкциозоност.

Од нејзината одбрана велат дека се апсолутно неточни информациите дека таа барала спогодба за случајот „Рекет“, во кој е осомничена за злоупотреба на службената положба.

– Апсолутно се неточни информациите, ние немаме поднесено никаква формална понуда за спогодба – изјави адвокатката Ирена Фрчкоска за Плусинфо.

Јанева втор месец е во притвор како осомничена во случајот „Рекет“.

Вилма Русковска денеска ќе поднесе обвинение за истрагата за „Рекет“ и ќе побара продолжување на мерката притвор за Боки 13, Катица Јанева и Зоран Милески – Кичеец.

Слични содржини