Двејн Џонсон преку Инстаграм се збогуваше од серијата „Играчи“

од desk4
407 прегледи

По пет сезони на HBO  серијата „Играчи“ ,  актерот Двејн Џонсон се збогуваше од улогата.

Тој во серијата ја играше главната улога, Спенсер Страстмор, финансиски менаџер кој успева да стаса до сопственост на фудбалски тим. Обожавателите беа тажни кога ја прочитаа објавата од Двејн на неговиот Инстаграм профил, каде тој напиша дека петта сезона ќе му биде последна.
„Ви благодарам на овие извонредни пет години. До сега сум играл многу улоги, но оваа ми беше посебно драга, бидејќи ја носам во мојата ДНК. Одлично си поминав глумејќи го типот кој е на некој начин базиран на мене, и ако не заминев по друг пат, сигурно ќе играв за националниот фудбалски тим.“
Џонсон по ова продолжува со неговите веќе испланирани проекти, меѓу кои е продолжението на „Џуманџи“.

Слични содржини