Функционери, бизнисмени, професори, просветни работници и обични луѓе се вклучија во еко-предизвикот за засадување на дрво кој пред извесно време го иницираше заменик министерот за економија Кирил Колемишевски.
Секојдневно на Фејсбук се постираат фотографии со таговит #ecomkchallenge и #ЗасадиДрво на кои е документирано засадувањето на дрвцa од страна на оние кои биле предизвикани од некого да дадат свој мал допринос за природата.
Колемишевски освен за економските параметри се интересира и за подигнување на свеста со мали чекори да се делува за големи и сериозни општествени проблеми кои полека но сигурно ни станаа сеекојдневие.
„Поттикот беше да се подразбуди свеста за зачувување и грижа за животната средина, да се обрне внимание на мерките кои можат да влијаат на загадувањето на воздухот, а во исто време да се покаже дека и избраните функционери можат со мали и симболични чекори да влијаат на сериозните општествени проблеми кои ги засегаат сите граѓани. Засега е доста позитивен и јас сум среќен што сѐ повеќе луѓе го прифаќаат предизвикот. Очекувам барем стотина луѓе да го прифатат предизвикот, а преку нивниот углед и интегритет, со таков чекор да допрат до што е можно поголем број на граѓани и да влијаат на начинот на размислување за животната средина кај сите нас. “ – вели заменик министерот.
Досега предизвикот го прифатија професорот и бизисмен Димитар Ковачевски, генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, Министерот за внатрешни Оливер Спасовски, градоначалникот на Карпош Стефан Богоевски, директорот на ЈП Водовод и канализација Душко Весковски и уште многу други, а иницијаторот Колемишевски посакува да се вклучат сите граѓани и истото да го документираат на Фејсбук со ставање на таговите #ecomkchallenge и #ЗасадиДрво, за се знае отприлика колку луѓе го прифатиле предизвикот.
„Има и пример каде што семејство кои имаа принова, па посадија дрво во чест на нивниот син. Ова би било одлична насока во која би сакал да се развие оваа акција. Не само за принова, туку и за секое прваче, за секој матурант, за секој дипломец, за било каков семеен или личен успех да се засади по едно дрво.“ – порачува Колемишевски.
Свеста за екологијата кај секој поединец треба да е на повисоко ниво и да се воспитуваат наредните генерации во таков дух. Биди промената која сакаш да ја видиш, порачува Колемишевски.