Лејди Гага на своите концерти често повикува обожаватели од публиката и заедно со нив танцува и изведува „точки“ кои последниов пат се покажале како доста ризични.
На својот последен концерт на сцената се појавил обожавател по име Џек, а Лејди Гага се обидела да му скокне во прегратка, по што и двајцата паднале од сцената во публиката.
„Мислевме дека е мртва“, напишал на Редит обожавател кој бил на концертот.
Но, наместо тоа, таа застанала на нозе и заедно со Џеј се вратиле на сцената.
„Толку се сакаме што паднавме. Ние сме како Џек и Роуз од ‘Титаник’, мислам дека треба да пиеме чај после“, изјавила пејачката откако се вратила на сцена.
Инаку, Лејди Гага живее со болеста фибромијалгија, состојба слична на реума, поради која има проблеми со зглобовите и страда од хронични болки. Во 2013 таа прекина турнеја поради силни болки и изместување на колковите.
Таа го утешила Џек дека не е тој виновен за инцидентот, а ја уверила и загрижената публика дека нема никакви последици и повреди по падот.
A fan picked up gaga and fell off the stage tonight😂 pic.twitter.com/j9pjTUF64M
— CHROMATICA stan account (@laur_calderone) October 18, 2019