„Беше еднаш во Холивуд“ – Тарантино им рече на кинеските власти „НЕ“

од desk4
344 прегледи

Кина е последната држава во која сè уште не е прикажан деветтиот филм од Тарантино „Беше еднаш во Холивуд“. Филмот за кој оваа година најмногу се зборува, покрај „Џокер’, кинеската публика го нема гледано, а по сè изгледа нема ни да го види. Имено објавено е дека Кина нема да дозволи прикажување на филмот во кината во моменталната верзија, односно побарано е од Квентин Тарантино да исече неколку спорни сцени, но не е откриено кои.
Тарантино зазел став и соопштил дека нема да исече ниту една секунда од филмот, иако тоа значи дека нема добие ниту долар заработка од овој голем пазар.
Главните улоги во приказната за “златното“ време во Холивуд ги играат Леонардо Ди Каприо, Бред Пит и Марго Роби.

Слични содржини