Адел ослабна 30 килограми и тоа за релативно кратко време. Првичното воодушевување од нејзината одлична фигура сега е заменето со прашањето како воопшто успеала во тоа.
Како што наведува таблоидот „US Weekly“, Адел е на посебен режим на исхрана кој подразбира внесување нискокалорична храна и повремено уживање во десерт и чаша вино. Покрај тоа, таа интензивно вежбала, иако е познато дека не е љубител на физичката активност.
Режимот на исхрана ѝ го одредил нутриционист, во што и лежи тајната на успешноста, односно хранење според личната здравствена и физичка состојба. Таа на сите им препорачува ако сакаат диета, тоа да го направат во консултација со некој кој е стручен во таа област.
Адел вежба трипати неделно, а според британскиот весник „Sun“ посетува факултативно и часови по пилатес, заедно со сопругата на Роби Вилијамс, Ајда. Меѓутоа, се појавија и наводи дека нејзина најголема мотивација во моментов, покрај синот, е и новата љубов.
Во однос на храната и пијалаците, таа внесува зелен чај, кафе без шеќер, еднаш неделно чаша црвено вино и секако, многу вода. Оброците се засноваат на овошје и зеленчук, особено јаболка, боровинки, целер, рукола, а од зачини користи само магдонос и куркума. Во оброците комбинира и лосос, мисиркино месо, варена хељда, јатки, а трипати неделно јаде црно чоколадо со висок процент на какао.