Проширен капацитетот на градинката „Калинка“ во скопска Железара, отворени нови 70 слободни места

од Vladimir Zorba
179 прегледи

Капацитетот за згрижување на градинката „Калника„ во скопската населбата Железара е проширен за нови седумдесeт деца преку реконструкција и доградба на постојниот објект.

-На ваков начин родителите нема да чекаат со месеци да ги запишат своите деца во градинка. Градинката е целосно реконструирана и проширена за нови три замнимални и една група јасли. Со ова се отворија нови 70 слободни места. Тие се целосно уредени и опремени за да ги задоволат потребите пред се на децата, но и на персоналот кој работи тука, рече градоначалникот на општина Гази Баба Борче Георгиевски.

Тој информира дека проширувањето е реализирано во соработка со Министерството за труд и социјална политика кое извршило градежни активности и го опремило објектот, а општината го променила кровот и внатрешното уредување.

Ова, рече, е прва градинка што ќе работи во две смени за децата да бидат на сигурно додека нивните родители ги извршуваат своите обврски.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска истакна дека се грижат најмладите да добијат најмногу од оваа Влада затоа што тие, како што рече, се идниот потенцијал на оваа држава.

-Ако тие добијат стимулација во период од три до шест години ќе постигнат подобри резултати во основно и училиште во средно и понатаму во градењето на економскиот потенцијал на државата, рече Царовска.

Ние како Влада, рече таа, инвестиравме многу во отворање детски градинки, го зголемивме капацитетот за опфат на деца, а ги зголемивме и платите за воспитувачките и негувателките за 21 отсто бидејќи нивната работа, како што потенцира, е суштинска со оглед дека тие ги воспитуваат и градат нашите деца. Дополнително, додаде, зголемен е и бројот на вработени со цел да можат да понудат поквалитетно предучилишно образование.

Во општина Гази Баба проширена е и градинката Морковче во Јурумлери за 70 места, а во тек е изградба на градинка во Стајковци. Во наредниот период, најавуваат од Општината, ќе бидат изградени четири нови градинки и тоа во Трубарево, Ќерамидница, Инџиково и Сингелиќ.

Слични содржини