Неверојатно: Популарната „мамаџерка“ пред шоуто била продавачка на свеќи (ВИДЕО)

од Elena Daskalova
402 прегледи

Пред да стане мајка-менаџерка на своите деца во шоуто „Keeping Up With The Kardashians“, Крис Џенер имала необична професија од која публиката останала вчудоневидена.

На Редит се појави снимка во која се гледа како Крис Џенер и видовитата Линда Салвин рекламираат колекција свеќи под името „Wicks of Wisdom“.

Како што велат и двете, тие свеќи им помагаат на купувачите да ги надминат тешките времиња, да привлечат љубов, да ги решат финансиските проблеми, а еден сет свеќи чини 90 евра.

Крис е позната по своите два брака со познати личности, првиот со адвокатот Роб Кардашијан, а вториот со олимпиецот Брус Џенер кој пред некоја година го промени полот и стана Кејтлин. Пред да стане вистински менаџер на шоуто кое го направи нејзиното семејство популарно, очигледно е дека Крис работела буквално сè, за да може да им обезбеди убав живот на своите деца.

Токму според неа е измислена и познатата сленг-кованица, мамаџерка, која е спој од зборовите мајка и менаџер. За неа се верува дека е главната личност која ги држи конците зад реалното шоу, но и приватните животни на своите деца.

Слични содржини