Во среда се отвора лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски“

од Vladimir Zorba
232 прегледи

Оваа среда стартува новата сезона на лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски“.

Поради необично топлото време за овој период од годината, отворањето беше малку одложено, но од 04.12, љубителите на зимските спортови и рекреативното лизгање конечно ќе може да се забавуваат во своето омилено зимско катче.

Вистинскиот мраз, направен по светски стандарди, како и условите кои ги пружа лизгалиштето се идеални за и оваа зима посетителите да уживаат во хокеј, уметничко и рекреативно лизгање, соопштуваат оттаму.