ВМРО-ДПМНЕ: Сите мерки за спортот со кои се фали СДСМ се донесени од владите на ВМРО-ДПМНЕ

од Aleksandar Petrovski
125 прегледи

СДСМ три години отспаа кога станува збор за спортот и спортските работници. Сега во стилот на измамникот Заев да им текна да ги лажат спортистите и да им ветуваат се и сешто.

Сите мерки со кои се фалат се донесени во време на владите на ВМРО-ДПМНЕ. Тие сами не донесоа ниту една мерка.

Цели три години не е изграден ниту еден базен или позначаен спортски објект. Нема нови сали, ниту стадиони.

Сите спортски успеси кои се направени се благодарение на инвестициите на ВМРО-ДПМНЕ во спортот И грижата што ја имаа спортистите во минатото.

Како и би имало некаков резултат на спортско поле кога за развој на спортот се ,,грижат” еден историчар и еден економист!?

Негрижата за спортот завршува на 12 април кога СДСМ и нивните деструктивни идеи ќе бидат поразени од граѓаните, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини