Бритни ги загрижи фановите: Повторно изгледа несредено и очајно (ФОТО)

од Elena Daskalova
172 прегледи

Бритни Спирс, која некогаш беше вистинска музичка икона, сега редовно се јавува во психијатриска клиника и останува колку време и да треба.

Таа е фотографирана како излегува од клиниката во Лос Анџелес, во присуство на нејзините телохранители. Она што го забележале нејзините обожаватели е дека изгледа целосно несредено, занемарено, не носела градник, а на нозете носела сандали и чорапи.

Само неколку дена претходно објавила на Инстаграм видео како танцува, но многумина се согласиле дека изгледа како нешто да не е во ред со неа.

Минатата недела таа наполни 38 години, а прослави во Мајами, заедно со момчет Сем Асгари.

Слични содржини