Почина ѕвездата на „Кум 2“, колегите и пријателите во голема тага

од Elena Daskalova
406 прегледи

Холивудскиот ветеран Дени Ајело почина во болница, на возраст од 86 години, како последица од тешка инфекција.

Тој се прослави со култните улоги во „Кум 2“, „Руби“, „Беше еднаш во Америка“, „Розата од Каиро“, „Професионалец“, „Врела ноќ“ и многу други.

Негова најпозната улога е во хитот на Спајк Ли од 1989 година, „Направи го вистинското нешто“.

Ајело е роден 1933 година, а во актерството се прослави доста доцна, на своја 42-годишна возраст. Претходно работел како возач на автобус, како и вратар во ноќни клубови.

Слични содржини