Николовски: И Заев и Мицкоски имаат таргет на гласачи

од Aleksandar Petrovski
372 прегледи

Лидерите на двете најголеми партии од македонскиот блог, премиерот Зоран Заев и опозиционерот Христијан Мицкоски преку својата предизборна реторика им се обраќаат на точно определени таргет-групи вели долгогодишниот новинар Љубиша Николовски, во своето гостување во „Утрински брифинг“ за „Слободен печат“.

-И Заев и Мицкоски имаат таргет на гласачи. Заев им се обраќа на неопределените кои можеби се разочарани од начинот на владеење. А СДСМ нема проблем со своите гласачи. Кај Мицкоски е малку поинаку, тој им се обраќа и на своите гласачи но и на оние меѓу нив кои се уште го идеализираат Никола Груевски. И тој е во момент ниту да расчисти со едните или со другите- вели меѓу другото Николовски.

Слични содржини