Кендал Џенер многумина ја доживуваат како размазена богаташка која сака да измислува различни барања.
Во новото интервју кое го дала во рамките на проектот за брендот Келвин Клајн, за видео-серијата „In Bed With“ Кендал открила што очекува од идниот партнер.
Младата манекенка најмногу сака да се излежава и да гледа филмови додека одмара во кревет, но и да јаде. Колачи и сладолед се подразбираат, но она што посебно сака се чили пиперки. Открила дека омилени филмови и се „Stepbrothers“. „Bridesmaids“ и „Marley adn Me“, но и многу други.
– Најмногу ме привлекуваат мажи кои се самоуверени и доминантни. Мажот мора да знае како да ме насмее. Што полуд, тоа подобро, толку повеќе е свој, без филтер. Најмногу ме одбиваат луѓе кои се преправаат дека се нешто што не се или се обидуваат да докажат нешто – рекла Кендал.
Мажот кој ќе ја освои мора да биде свој, да знае да е насмее и да и донесе чили во кревет.