СДСМ организира хуманитарен новогодишен „Cook Off“

од Aleksandar Petrovski
225 прегледи

Во недела, 29.12 во 19 часот во Public Room ќе се одржи хуманитарен Новогодишен „Cook Off“, во организација на СДСМ.

-Повелете и дознајте кој тим ќе зготви повкусни оброци – Тим 1 со Мила Царовска и Коста Петров или Тим 2 со Љупчо Николовски и Сања Лукаревска.

Веднаш по завршувањето на натпреварувачкиот дел сите заедно ќе готвиме оброци за Здружението за хумано – општествен развој „Проект Среќа“, се вели во соопштението на организаторите.