Медиумите, НВО, екологија и земјоделство прв пат во стратегијата за борба против корупција

од Aleksandar Petrovski
265 прегледи

Нацрт-верзијата на Националната стратегија за спречување на корупција и судир на интереси за 2020-2024, идентификува 12 области со ризик за корупција и две хоризонтални области. Прв прв пат меѓу областите се и медиумите, НВО, екологијата и земјоделството.

Претседателот на Антикорупциска Билјана Ивановска на денешната прес-конференција истакна дека документот е подготвен согласно законската обврска и во инклузивен процес со вклученост на релевантни институции, приватен сектор, невладините организации, а на увид на јавноста ќе биде до 8 јануари, 2020.

-Од денеска  па натаму нацрт верзијата на стартегијата ќе биде достапна на јавноста и сите заинтересирани страни ќе можат да ја разгледаат и доколку имаат свои сугестии и предлози да ни ги достават, а потоа доколку е можно и да ги вклопиме во документот. Натамошниот тек на Стратегијата е во Собранието каде треба да биде усвоена, рече Ивановска.

Владимир Георгиев координатор за подготовка на нацрт верзијата на стратегијата дека во овој консултативен процес може да се вклучи секој граѓанин, а документот треба да го донесат и формално до јануари, по што ќе биде доставена до Собранието кое треба да ја исвои како национален антикорупциски стратешки документ.

-Самата стартегија се заснова на проценка на ризици на национално ниво, каде со поддршка на УСАИД и експерти направивме пороценка каде ги детектиравме најризичните области, вклучувајќи како и досега правосудство, политичкиот систем, органите за спроведување на законот, но и делот на медиумите и невладиниот сектор кои ги разгледувавме од два аспекта – можност за корупција во самите нив, но повеќе од аспект како тие да придонесат во борбата против корупцијата. Покрај овие сектори ги обработивме образованието, труд и социјална политика, за прв пат и спортот бидејќи оценивме дека досега не биле адресирани ризиците за корупција во спортот, а очигледно дека постојат. Потоа здравството, за прв пат и екологијата и земјодлството. Така што има 12 сектори на кои што развивме и акционен план во рамки на работната група и две хоризонтални области кои се провлекуваат низ сите овие сектори, а тоа се јавните набавки и вработувањата во јавниот сектор, рече Георгиев.

Во делот на медиумите и граѓанските организации членот на Комисијата Горан Трпеноски истакна дека во новата нацрт стартегија ставени се четири мерки за кои е констатирано дека носат ризик од корупција. Меѓу нив и регулацијата односно саморегулацијата на интернет медиумите, согласно и проектот на ЗНМ за регистар на он лајн медиуми кои се професионални и за платеното политичко рекламирање од јавни пари.

-Предвиено е укинување на буџетското финансирање на платеното политичко рекламирање (ППР) во изборните циклуси, зајакнување на критериумите за доделување на државна помош на печатените медиуми, саморегулација на он лајн медиумите и донесување на јавна стретегија што сака државата во медиумскиот сектор и особено трошењето буџетски пари да стане јавно. Истото се однесува и за граѓанските организации, рече Трпеноски според кого укинувањето на ППР ќе оди тешко но вели, добро е да отвори дебата за тоа прашање.

Запрашана за ветингот, претседателката на ДКСК истакна дека Комисијата постапува согласно законските обрски во делот на праводуството. Потсети дека веќе кажале дека ќе подготват годишен план за проверка на судиите,со кој нема да бидат сите судии опфатени туку ќе се изготви избор на примерок од провизорно 100-150 судии, врз основа на податоци од Републичкиот судски совет и од пријавите кои ги имаат.

-За да се спроведе ветингот потребно е да биде донесен закон. Наша редовна надлежност по закон ние е проверка само на имотната состојба. Ние не можеме да бидеме активен дел од ветинг комисиите, рече членот Нури Бајрами.

Од Комисијата се заложија во иднина доколку е технички изводливо на нивната веб страница да може да се пријавуваат забелешки за нивното однесување.

Ова е прв пат нацрт верзијата на стратегијата да се презентира јавно пред да биде донесена. Антикорупциска очекува стратегијата да биде усвоена во Парламентот од актуелниот собраниски состав.

Слични содржини