Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи одржа прес – конференција на која пред медиумите даде осврт на сработеното во 2019 година. Таа ги наброја, како што рече најважните проекти во инфраструктрата, образованието, животната средина и други области.
-Годината што ја оставаме зад себе несомнено ги носи со себе предизвиците и можностите со кои се залагавме да го направиме Тетово град што се развива, расте и доживува синхронизиран и многу природен социјален, економски и инфраструктурен напредок. Затоа, како и досега, поставивме цели и политики за одржлив и долгорочен развој, затоа што проблемите што ги наследивме бараа сигурни, добро осмислени решенија кои би им служеле за благосостојба и потребите на граѓаните на Општина Тетово, рече Арифи.
За наредната година таа посочи дека ќе се работи на подобрување на патната инфраструктура.
-Ќе продолжиме со градежните работи за пробивање на бул. Индустриска од Спортскиот центар до градската касарна, а со тоа ќе се овозможи и алтернативна вонградска рута за тешките товарни возила, кои покрај сообраќајниот хаос значително придонесуваа за загадување на амбиенталниот воздух. Овој многу важен инфраструктурен проект сега ги помина сите формални фази и процедури за набавка, а неговата имплементација се очекува да започне во април, следната година. За следната година ќе започнеме со експропријација на имотот на граѓаните за отворање и пробивање на булеварот „Благоја Тоска“, од Клиничкиот центар до крстосницата на Текстилното училиште, кој воедно е еден од најважните проекти за надминување на проблемот со сообраќајниот метеж во градот. Аплициравме и се квалификувавме успешно на сите повици за грантови на централната власт, така што во 2020 година ќе извршиме реконструкција и асфалтирање на некои патишта во градот, како што се: ул. Јане Сандански, ул. Гоце Делчев, ул. 29 ноември, ул. Од Клиничка болница до улицата Дервиш Цара, како и ул. Гоце Стојчевски, посопчи тетовската градоначалничка.
Арифи очекува во 2020 да се пуштат во употреба автобусите за новото градско претријатие за превоз.