Градоначалникот на Кичево ги посети дежурните служби на новогодишната ноќ

од Aleksandar Todeski
471 прегледи

Градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари првите минути од новата 2020 година традиционално ги помина со дежурните екипи во градот.

„Наша примарна обврска е да се следи состојбата на градот, редот и јавниот мир по стрелките на часовникот, имено влегувањето во нова 2020 година. Значи, научивме вечерва дека сегашната состојба е на високо ниво и според информациите од полицијата, пожарникарството и медицинските служби не е регистриран инцидент од оваа категорија. Како и секоја година вечерва, посетивме луѓетo кои се грижат за нашето здравје, оние кои нè штитат од пожар и полицијата што одржува безбедност, ред и јавен мир. Кога сите слават, тие се на должност. Почит за работата. Среќна Нова 2020 година“, напиша Дехари на Фејсбук.

Тој им посака добро здравје и успешна работа и најави дека локалната самоуправа ќе направи максимални напори да им овозможи подобри услови за работа на овие служби.

Vizitë në minutat e para të vitit 2020Obligim parësor i yni është të ndjekim gjendjen e qytetit, rendin dhe qetësinë…

Публикувахте от Fatmir Dehari – Faqja Zyrtare в Вторник, 31 декември 2019 г.

Слични содржини