Илон Маск изведувал стриптиз пред вработените

394 прегледи

Првата испорака на автомобилите од новата фабрика на Тесла во Шангај, Илон Маск ја прославил така што долетал во Кина и извел стриптиз пред своите вработени. На церемонијата организирана по тој побод, 48-годишниот претприемач на песната „More Than You Know“ ја соблекувал својата облека.

Додека некои аплаудирале, дргите се „фатиле“ за своите теефони и го снимиле она што се случува.

Стриптизот на технолошкиот монгул не помина најдобро на социјалните мрежи.

„Ова изгледа полошо од оној автомобил кој го претстави неодамна“, „Ова е незгодно за гледање“, „Ми се допаѓа колку е искрен и несмасен“, биле дел од коментарите.

Првата серија автомобили произведени во гигафирмата на Тесла е завршена минатиот месец и тоа е прва серија Тесли произведени надвор од САД.

Слични содржини