Почина Тери Џонс, ѕвездата на „Монти Пајтон“

од Elena Daskalova
217 прегледи

Ѕвездата на „Монти Пајтон“, Тери Џонс, почина на 77-годишна возраст, потврдил неговиот агент за британските медиуми.

Актерот се бореше со деменција од 2016 година. Неговото семејство ѝ се обрати на јавноста со соопштение за неговата смрт.

„Со голема тага соопштуваме дека почина нашиот сакан сопруг и татко, Тери Џонс“, се вели во соопштението.

Неговиот колега од „Монти Пајтон“, Сер Мајкл Пејлин изјавил дека Тери бил еден од неговите најценети пријатели, љубезен, полн со разбирање и желен да го живее животот со полна пареа.

Покрај улогата, тој и ги режирал „Светиот грал“ од 1975 и „Значењето на животот“ во 1983 година.

Во соопштението на семејството се вели и дека „ги помина последните денови заедно со семејството и многу блиски пријатели, кои беа со него како што тој полека заминуваше…“

Семејството се заблагодари на сите медицински лица кои ги олесниле последните години од животот на Џонс.

Слични содржини