Сасоли: И по излегувањето на Лондон од ЕУ, остануваат истите правила за членство

од Берта Китинска
213 прегледи

Претседателот на Европскиот Парламент Давид Сасоли оцени дека и покрај излегувањето на Велика Британија од ЕУ, за земјите кои сакаат да се приклучат на Унијата остануваат правилата кои мора да се почитуваат.

– Постојат утврдени правила за пристапниот процес, изјави сасоли на прес конференција во Брисел.

На прашањето што значи за земјите од Западен Балкан излегувањето на Велика Британија од Унијата и дали некоја од нив ќе го заземе испразнетото место, Сасоли истакна дека покрај утврдените правила постои и потреба за размена на идеи и дијалог кога е во прашање проширувањето на ЕУ.

Сасоли потсети дека ЕУ со Западен Балкан споделува и заеднички економски, социјални и безбедносни предизвици.

Претседателот на ЕП повтори дека наскоро очекува отворање пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија.

Слични содржини