Македонскиот полициски синдикат, кој преку свои делегирани преставници активно учествува во изготвувањето на новиот предлог Закон на Агенција за разузнавање во делот на унапредување на правата на вработените, условите за пензионирање, како и во делот на рамноправно изедначување со платите на вработените од сродните државни институции, како што се МВР, АНБ и ОТА, преку соопштение денеска сподели дека ги охрабрува пратениците во македонскиот Парламент да дадат поддршка и покажат зрелост за донесување на Предлог Законот за Агенција за разузнавање.
„Со донесување на предлог законот за АР, се заокружуваат безбедносните реформи, како предуслов за влез на државата во НАТО и ЕУ, а воедно ќе се исправи долгогодишната неправда кон вработените во Агенцијата за разузнавање, кои конечно ќе можат да ги користат правата но и обврските кои се предвидени во предметниот закон“, велат од Синдикатот.