Дали таа е најголемата губитничка во историјата на Оскарите: 11 пати и избегала статуетката

301 прегледи

Дури 11 пати Дајен Ворен одговорила на повикот на кариерата и стигнала на доделување на Оскарите. Најпрестижните награди за познатата кантавторка будат поделени емоции, бидејќи никогаш до сега, дури 32 години по својата прва номинација, не ја понела наградата дома.

И оваа година Ворен се најде на листата номинирани, за песнаа во филмот Breakthrough. Но, победата во оваа категорија ја однесе дуетот на Елтон Џон и Берни Таупин за песната (I’m gonna) Love Me Again.

Првиот пат, далечната 1988 годна, кантавторката беше номинирана за Оскар поради својата изведна на N’othing’s Gonna Stop Us Now во филмот Mannequin.

Појавувајќи на синоќешната прослава, 63-годишната Дајен рекла дека е навикната на пораз.

– Мислам дека сум жена со најмногу номинации, која не ја понела статуетката. Не ми пречи тоа, сосема сум океј. Навикнав на тоа чувство – рекла низ смеење Ворен.

Слични содржини