Кирацовски: Нема да му дозволам на Џафери, да си игра мајтап во Парламентот

од Берта Китинска
371 прегледи

Џафери наместо да бокисува, нека си ја врши својата работа како што доликува и веднаш нека го прифати, не моето, туку барањето од актуелниот технички премиер за разрешување на министерката за Труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, поради кршење на Уставот,  напиша предмалку на својот Фејсбук  пратеникот од редовите на СДСМ, Александар Кирацовски.

За нивото кое денес го покажа Талат Џафери, не ме личи да зборувам, сам за себе доволно кажа со одговорот на моето барање за закажување седница за разрешување на министерката Мизрахи.

Но она за што гласно ќе зборувам е манипулацијата која Џафери ја изврши врз пратениците пред околу година дена на седницата закажана за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Велјановски, намерно пречекорувајќи го рокот на истата, по што Велјановски неоправдано го ужива имунитетот до денешен ден.

Нема да му дозволам на Џафери, уште еден обид за играње мајтап во Парламентот.

И уште еднаш јасно напоменувам, на пратениците им е смачено преку нивни грб да се кршат уште копја, а самите пратеници, кои придонесоа многу за остварување на историски успеси и државни постигања, повторно да бидат “топовско месо”, напиша Кирацовски.

-Ха ха ха, јас немам Фејсбук. Ова беше  коментарот на претседателот на Собранието Талат Џафери на повикот на пратеникот на СДСМ Александар Кирацовски собранискиот спикер сега и веднаш да ја закаже собраниската седница за разрешување на министерката за труд Рашела Мизрахи. Во изјавата за  Плусинфо, Џафери, сепак не прецизира дали и кога ќе закаже седница за разрешување на министерката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини