545
Дона Дерико, поранешната ѕвезда на Baywatch, позираше прекриена само со црвена боја во хуманитарни цели.
51-годишната актерка се соблекла за да собере пари за спасување на жртвите на трговија со луѓе, школување на ранливите луѓе и помагање на преживеаните да се вратат на самосталниот живот. Фотографијата е дело на Ник Саглимбен, а на Инстаграм објавила дека и може онлајн да се купи фотографијата.
Актерката и хуманитарка, која не крие дека за нејзиниот изглед се заслужни многу естетски операции, доби бројни комплименти, а многумина и напишале дека е бомба.
Дерико е мајка на две деца, 19-годишната ќерка Френки и 26-годишниот Рајан.
Дона се приклучила во поставата на Спасувачите во 1996 година. Таа глумела во оригиналната серија и во спинофот/