Песната на норвешкото поп трио А-ха од 1985 година на Јутјуб е поставена во јануари 2010 година. Оваа година спотот имаше околу 480.000 прегледи дневно, рекле од Јутјуб за CNN.
Бендот, на својот Твитер профил, ги објавиле среќните вести, а направиле и нови изненадувања за фановите.
Take On Me has hit ONE BILLION views on YouTube! We couldn’t have done this without you, our fans. In celebration of this milestone moment, we’ve made something special…
— a-ha (@aha_com) February 18, 2020
Овој спот во 1986 година добил шест МТВ Музички награди и бил номиниран за омилен поп/рок спот на АМА.
Единствен друг спот од осумдесетите кој достигнал милијарда прегледи, е спотот на Ганс ен Розис за песната „Sweet Child O’Mine“ кој се прикажува на Јутјуб од Божик 2009 година.