Курти најави заеднички седници на владите на Косово, Северна Македонија и Црна Гора

од Aleksandar Petrovski
213 прегледи

Премиерот на Косово, Албин Курти кој престојува во Лондон на Инвестицискиот самит на Европската банка за обнова и развој најави дека планира одржување на заеднички седници на неговата влада со црногорската и владата на Северна Македонија.

Курти најави дека владата во Приштина ќе соработува со владата на Црна Гора и владата на Северна Македонија во проектите од заеднички интерес, пренесува Косово онлајн.

„Имаме намера да одржуваме и заеднички седници со нив“, порача Курти.
Тој потврди дека на состаноците во Лондон говорел за значајните вложувања во економијата, претприемништвото на младите, информациската технологија и инфраструктура, како и односите со Србија и принципот реципроцитет.

Слични содржини