Шекеринска: Секогаш кога сме амбициозни и кога ја поткрепуваме амбицијата со политичка волја следува успех

од Берта Китинска
192 прегледи

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, во интервју за БИРН говори за претстојното полноправно членство во НАТО, за предизвиците против хибридни и сајбер-напади, како и за амбициозниот план за модернизација на армијата.

Шекеринска вели дека малите земји како нашата мораат да бидат амбициозни за да ги остварат своите цели.

„Ако ги анализирам последните, да речеме, 20 години, би рекла дека секогаш кога сме амбициозни и кога ја поткрепуваме нашата амбиција со политичка волја, следува успех“.

Присетувајќи се на 2005 година, кога Европскиот совет ни го додели статусот на земја-кандидат за членство, Шекеринска, која тогаш беше заменик-премиер задолжен за европски прашања, вели дека и тоа било резултат на амбициозноста.

„Успеавме. Но, кога ја снема политичката волја“, по победата на Никола Груевски на изборите во 2006, „следеше практичен застој“.

„Мислам дека со НАТО покажавме дека важи истото правило. Почнавме со амбициозен план и очекувања, но не очекувавме другите да ни ја завршат работата. Сами си ја подигнавме летвичката и испорачавме. Затоа и НАТО испорача, вели Шекеринска.

Слични содржини