354
Мараја Кери неколку години се бореше со вишок килограми, но неодамна го покажа своето ново тело, на кое очигледно подолг период работела на слабеење и одржување.
Таа неодамна открила дека држи диета која многумина ја мразат, но неа ѝ е навистина ефикасна. Секојдневно таа јаде лосос со капари, бидејќи смета дека најдобро слабее кога внесува доволно протеини.
Исто така, за одржување на линијата посетува часови по аеробик и тоа најмалку трипати неделно, внесува многу зеленчук, но никогаш не јаде леб и десерти. Ако ѝ се јаде нешто благо, тогаш зема манго и боровинки.