Актерот и режисер Тимоти Хатон е обвинет за силување, прнесуваат странските медиуми.
Жртвата е сега 50-годишната поранешна манекенка која имала само 14 години кога се случил немилиот настан. Наводниот напад се случил откако таа и двајца негови пријатели биле повикани во хотелска соба во Вакнувер, додека тој го снимал филмот Ајсмен во 1983 година.
Сара тврди дека Тимоти ја допирал и ја бакнувал без нејзина согласност. Таа се обидувала да се одбрани велејќи му дека „тоа не е добра идеја“ и дека „нејзината мајка не би била среќна поради ова“. Сепак тој не сопрел, а таа го преколнувала да престане.
Канадската, поранешна манекенка раскажала дека актерот насилно ѝ ја искинал облеката, велејќи ѝ дека ќе ѝ се допадне. Потоа, Тимоти и еден од неговите пријатели ја силувале и сексуално ја нападнале.
– Беше многу болно. Господе. Беше исклучително болно – река манекенката.
Сара поттикната од движењето #MeToo ангажирала адвокат преку кој од Хатон барала спогодба во износ од 1,5 милиони долари, а странките постигнале договор вреден 135.000 американски долари, пред Сара да се повлече бидејќи не можела да го прифати фактот дека нема признание дека нападот се случил.