Богојески: ВМРО-ДПМНЕ треба длабоко да се реформира ако сака воопшто да продолжи да се нарекува ВМРО

од Берта Китинска
240 прегледи

Заклучно со 29.02.2020 година, го ставам во мирување моето членство во ВМРО ДПМНЕ, поради намерата да бидам граѓански, независен кандидат за пратеник.Никогаш нема да прифатам членство и идентитет во друга политичка партија, а моето повторно активирање во ВМРО ДПМНЕ е условено од развојот на настаните внатре во партијата, нејзината демократизација, модернизација и европеизација, без разлика дали е на власт или во опозиција, напиша на својот Фејсбук профил заменик генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Петар Богојески.

Тој вели дека најголемиот срам за еден реформатор е да постане реставратор на она што се борел да го реформира!

-Јас не сум и не можам да бидам тоа! Јас не можам да поткрепам обнова на минатото, на она кое целосно ја разобличи партијата! Јас останувам убеден дека ВМРО ДПМНЕ треба длабоко, длабоко да се реформира, ако сака воопшто да продолжи да се нарекува ВМРО!Изминативе 25 години (од мои 15 до 40 години) бев активен член на партијата. Имам и добри и лоши спомени… премногу емоции… победи и порази… стекнати и изгубени пријателства… но горд на мојата посветеност на партискиот активизам!

Причината да станам дел од ВМРО ДПМНЕ беше мојата искрена љубов кон македонската Кауза, убеден во Идејата, со желба да го продолжам Делото на Организацијата! Во далечната 1995 година, јас потпишав пристапница во една понаква ВМРО ДПМНЕ… поинаква изјава… поинаков Статут… поинакви цели и вредности… други искрени луѓе, вљубеници во Македонија! Денес не остана скоро ништо од тоа дамнешно ВМРО ДПМНЕ, во кое се заљубив на млади години. Не остана ништо од тој национален романтизам, тоа народно будење, таа борба за слобода и човечки правдини!

Денешнава “Обнова на бандитизмот”, простете не е моја!

Јас робувам на идејата и убедувањата, на вредностите и принципите, но никако на “партиските султани”! Јас сум убеден републиканец и роб на слободата! На база на истата Кауза и истите вредности, во кои верувам цел живот, се посветувам на промоција на нешто што го нарековме Македонски концепт, нешто што почива на Идејата и има амбиција да го продолжи делото на Организацијата.На сите мои пријатели и партиски другари, секако и на неистомисленици, Ви посакувам се најдобро, многу среќа и успех, здравје и љубов кон Македонија!, напиша Богојески.

Слични содржини